Почетна ТехнологијаКаевски: За 2 години локална власт ДПМНЕ и Стефоски во Гази Баба имаат 0 резултати

Каевски: За 2 години локална власт ДПМНЕ и Стефоски во Гази Баба имаат 0 резултати

од nenad
1 минути читај за

Досега наведовме 10 примери, големи општини ширум републиката кои под капата на ДПМНЕ стагнираат наместо да се развиваат.Катастрофално лоши резултати во работата во првите 2 години граѓаните гледаат и во Гази Баба.ДПМНЕ и Стефкоски ги изневерија граѓаните.

   

Едно зборуваа пред локалните избори, а сега нема ништо од тоа, една голема НУЛА.Ги нема ветените 4 нови градинки наведени во изборната програма.Нема ниту нови 4 спортски центри во Гази Баба.

Нема нови улици, ги нема ниту ветените нови 2 клучки на бул. Александар Македонски.Но затоа во Гази Баба има нечистотија, ѓубре и диви депонии.Згора на се, ДПМНЕ и Стефкоски ги задолжија граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра.

Половина од мандатот помина а истата матрица на ДПМНЕ ја гледаат граѓаните: неработа, нови долгови и безброј неисполнети ветувања.ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата дадена на локалните избори.ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт. Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ