Почетна БалканИ сега кој се проруски ориентирани? Бугари шпиунирале во Британија за Русија, а документи имале од Хрватска, Словенија, Грција…

И сега кој се проруски ориентирани? Бугари шпиунирале во Британија за Русија, а документи имале од Хрватска, Словенија, Грција…

од nenad
1 минути читај за
t

Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање за Русија се уапсени во Велика Британија, а властите во Лондон покренаа обвинение против нив во рамки на големата истрага за националната безбедност.

Ова го дознава Би-би-си, кој наведува дека бугарските државјани биле уапсени во февруари и оттогаш се во притвор.

Се вели дека станува збор за Орлин Русев (45) кој живеел во Норфолк, Бизер Замбазов (41) кој живеел во северозападен Лондон и Катрин Иванова (31) која живеела на иста адреса со Замбазов.

Тие се осомничени дека работеле за руските безбедносни служби, а кај нив биле пронајдени голем број лажни документи, меѓу кои пасоши и лични карти од Обединетото Кралство, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.

Се наведува дека бугарските државјани биле уапсени од детективи од единицата за борба против тероризмот на лондонската полиција.