Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, а бидејќи во Македонија е непишано правило да има партнер од албанскиот политички кампус, односно на сега така наречена албанска опозиција или ВЛЕН, да се обедини заедно со нас и да формираме влада која радикално ќе расчисти со сето она што во моментот е владеење во Македонија, од СДСМ и особено од ДУИ, бидејќи во моментот ДУИ владее со Македонија и тие се вистинските газди на Македонија и на тоа ќе ставиме точка, рече носителот на изборната листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање по синоќешната честитка на Таравари до Мицкоски и коалицирањето по изборите за формирање влада. На прашање за прогноза за исходот од парламентарните избори во изборната единица четири, Николоски рече дека е неблагодарарно да се прави таква пресметка, имајќи предвид дека се работи за различен тип избори.
- ПОСТОИ СЕРИОЗЕН СОМНЕЖ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВА ВО СЛУЧАЈОТ „СКОПСКИ ПАЗАР“ Кој го сменил диспозитивот во обвинението?
- Поради дојава за бомба итно евакуиран аеродромот во Сараево
- 188 санкции за пребрзо возење на подрачје на СВР Тетово
- Повик до сите актери на политичката сцена да не користат насилство во својата борба – МАКТЕЛ