Почетна СветИ Лука Дончиќ го прогласи Ѓоковиќ за – најдобар на сите времиња

И Лука Дончиќ го прогласи Ѓоковиќ за – најдобар на сите времиња

од nenad
1 минути читај за

Новак Ѓоковиќ со вчерашниот триумф во финалето од „Ролан Гарос“ дојде до бројката од 23 победи на гренслем-турнирите, со што се одвои од најголемите конкуренти, Рафаел Надал (22) и Роже Федерер (20), а поради што според многумина уште сега може да се прогласи за – најдобар во историјата.

Со ова мислење се согласува и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, што го потенцира и со објава на Инстаграм. Словенецот на објавата „23 во 2023“ само додаде пет емотикони со јарци (ГОАТ), со што појасни што мисли за битката за тоа кој е број еден на сите времиња.

Дончиќ деновиве ги минува жестоко тренирајќи во пресрет на стартот на подготовките на селекцијата на Словенија, со која сака да нападне медал на претстојното СП 2023 во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Извор: sport1.mk

Leave a Comment