Џулијан Сендс, популарниот англиски актер најпознат по улогите во „Соба со поглед“ и „Вештерката“, е пронајден мртов. За се’ да биде уште побизарно, неговите останки се пронајдени во Калифорнија, како што пренесуваат странските медиуми.
Последната информација позната за Сендс е дека тој исчезнал во јануари годинава, кога тргнал на планинарење. Човечките останки беа пронајдени во саботата, а денеска и официјално е потврдено дека му припаѓаат на познатиот актер.
Телото, кое беше откриено во дивината во саботата во близина на планината Болди, беше однесено во канцеларијата на судскиот совет за идентификација, се вели во соопштението на шерифот на округот Сан Бернардино.
Поврзани објави
Џулијан Сендс, страствен планинар, исчезна на 13 јануари додека се искачуваше на врвот висок 3.048 метри источно од Лос Анџелес.
Зад себе ја остави ожалостената сопруга, новинарката Евгенија Читковиќ и трите возрасни деца, а обожавателите се’ уште со неверување се простуваат од починатиот актер.
Фото: Getty Images