Почетна СветИсториски чекор назначена лекторка по Македонски јазик во Тирана иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана се рализира за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана

Историски чекор назначена лекторка по Македонски јазик во Тирана иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана се рализира за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана

од nenad
1 минути читај за

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова во чест на повторно отворање на Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија, по повод изборот на д-р Славица Свидерска за лектор по македонски јазик во Тирана. Новоизбраната лекторка, пред ректорката Биљана Англова и пред проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, изложи предлози за развој и афирмација на македонистиката на Универзитетот во Тирана.

Ректорката Биљана Ангелова оваа значајна мисија ја оцени како: „Отвораме важна страница од големата мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку повторно отворање на Лекторат по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот за странски јазици во Тирана, Република Албанија. Ова е историски чекор напред за развој и афирмација на македонистиката во светот преку високообразовна соработка којашто отвора и процес на културна соработка преку градење на мостови меѓу двете култури.”


Post Views:
73

Извор : vesnik-ilinden.com

Историски чекор назначена лекторка по Македонски јазик во Тирана иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана се рализира за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана