Почетна Убавина и здравје Исповед на скопјанка: Како можев да му верувам, сè уште се плашам, да не ми ги објави снимките

Исповед на скопјанка: Како можев да му верувам, сè уште се плашам, да не ми ги објави снимките

од nenad
1 минути читај за

Како го запознав. На кое друго место, ако не во Охрид, преку лето. Во Скопје почнаа жештините, не се издржуваше. Главата ми пукаше од премногу работа. Во четврток се слушнавме со Марија. Исто така и таа сакаше малку да здивне за викенд. Решивме во петок, по работа, со нејзиниот автомобил директно да одиме во Охрид. Сакавме само да одмориме, без да одиме на плажи, а уште помалку по кафулиња и дискотеки, пишуваат од скопјеинфо.мк.

Апартман најдовме подалеку од центарот. Долгото туширање и погледот кон езерото од апартманот под Самуиловата тврдина беа како измислени за еден релаксиран викенд. Но, да знаев што ме чека таму долу, во градот, воопшто немаше да излезам од дома тоа утро.

Вечерта, како за разонода се спуштивме кон чаршијата. Таму вообичаено за летна сезона. Метеж, дотерани, исончани. Некои со деца, некои парови, а некои тргнати во брз „лов“ за да си го пополнат времето со летна авантура.

Тогаш немав момче. Со Боби прекинавме пролетта и веќе почнав да го заборавам. Марија веќе беше свршена со Маријан, па ми беше некако утеха дека ќе имаме мирен викенд, без нашите „лудувања“ во кои не знаевме што е ден, што е ноќ.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING