104
Понудата за бесплатно приклучување на централниот систем за топлинска енергија важи до 31 август, потсетуваат од АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму информираат дека услугата ќе биде достапна за претходно исклучени потрошувачи каде што има техничка можност за приклучување.
Од ЕСМ посочуваат дека откако тие ја презеле лиценцата за снабдување со топлинска енергија во Скопје, кон мрежата се приклучиле 1.640 потрошувачи, а од нив, 150 се претходно исклучени корисници.