Како никогаш досега, денес се бара морален одговор на расипаноста на ‘светот’, се бара конзервативна мисла и дело за да се сопре безумието на ЛГБТ идеологијата. Нивната цел не е само ‘видливост и гласност’, туку апсолутна доминација во јавниот простор, со цел да ни ја избезумат младата генерација и ги пореметат нормалните погледи на светот и човештвото.
Не е само јуни – месец на нивната изопачена ‘гордост’, туку и октомври – месец на историјата на ЛГБТ идеологијата, но и ноември – месец на свесност за трансродовите идентитети. Станува збор за систем на пресија врз јавниот дискурс, се цели на образовниот процес, медиумска доминација и претендира да стане меинстрим кај генерациите кои доаѓаат.
Семејството, бракот помеѓу маж и жена, сексот помеѓу пол машко и женско, родителство од татко и мајка, потомство по природен, нормален Божји пат, се вредностите под силна инвазија од злото.
Македонија има своја изворна, автохтона КОНЗЕРВАТИВНА партија, која однапред ги предвиде ваквите погубни трендови и подготви сеопфатна платформа за одбрана на вистинските трајни, безвремени вредности. ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија е гаранција дека ќе опстои семејството во изворната, Божјата форма, а Македонија ќе биде новиот бедем на вистината за човекот, животот и светот, каква што ја создал Бог од самите почетоци на човештвото, па се до крајот на вековите.
