Почетна МакедонијаИнспекторите отстраниле ограда за автоплац од државно земјиште во Бутел, ќе следи кривична пријава

Инспекторите отстраниле ограда за автоплац од државно земјиште во Бутел, ќе следи кривична пријава

од nenad
1 минути читај за




Инспекторите на Општина Бутел во придружба на полиција денеска спроведоа акција, која како што вели градоначалникот Дарко Костовски, ќе резултира со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште.

Утрово заедно со инспекциските служби на општина Бутел во координација со МВР постапивме согласно закон при узурпација на државно земјиште. Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, веројатно некој се обидел да создаде плац за продавање на автомобили – вели Костовски.

   

Тој ги потсетува граѓаните на општината дека сите треба да го почитуваат законот и дека ќе се бори за обезбедување еднакви услови за сите граѓани.