Открива зошто е разочаран од Харис…
Долгогодишната напнатост меѓу пејачите Шериф Конјевиќ и Харис Џиновиќ повторно исплива на површина. Конјевиќ откри дека не може да го прости коментарот кој Харис го дал во една емисија, каде што тврдел дека Шериф го копирал Шабан Шаулиќ – но безуспешно.
Имам и снимка од тоа. Рече дека цел живот копирам, а не можам да го достигнам. Тоа не е точно. Работев со најдобрите автори во Србија, тие знаат кој сум“, изјави Шериф, алудирајќи дека зборовите на Џиновиќ не биле само навредливи, туку и невистинити.
Иако тврди дека нема ништо лично против Харис, Шериф признава дека му пречи што никогаш не добил директен повик или извинување.
Можеби не знае што рекол. Сите пееме со свој стил, сите сме инспирирани од некого. Јас него го почитувам и го ценам, но очекував барем еднаш да ми се јави и да каже дека се шегувал“, додаде тој.
Ситуацијата добива нова димензија откако Шериф го повикува Џиновиќ на разговор, оставајќи простор за можен помирлив крај – ако Харис се одлучи да го земе телефонот во раце.
printskrin Youtube-blic tv