Почетна ЕкономијаИзминатото деноноќие произведени 10.547 мегават часови електрична енергија

Изминатото деноноќие произведени 10.547 мегават часови електрична енергија

од nenad
0 минути читај за

АД ЕСМ вчера произведe 10.547 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.

Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.

Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 7.989 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.558 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.дма/

Фото:Влада

Скопје, 21 април 2023 (МИА)