Почетна ЕкономијаИзвоз во првиот квартал: 1 928.6 милиони евра

Извоз во првиот квартал: 1 928.6 милиони евра

од nenad
1 минути читај за

Вкупната надворешнотрговска размена на Република Северна Македонија во првиот квартал од тековната година достигна 4 701 140 евра.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, извозот на стоки од нашата земја изнесува 1 928,6 милиони евра, што претставува намалување од 0,04 проценти во однос на истиот период од минатата година. Од друга страна, вредноста на увезената стока изнесува 2 772,6 милиони евра, што е зголемување од 1,28 проценти во споредба со периодот јануари-март претходната година.

Анализата на трговската размена по производи, според Стандардната меѓународна трговска класификација, покажува дека во извозот најголемо учество имаат: “катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.”

Во увозот, најголема застапеност имаат: “нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.”

Во периодот јануари – март годинава, водечки партнери во надворешнотрговската размена, според вкупниот обем, се Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина. Овие земји учествуваат со “47,3 проценти во вкупниот обем на размената.”

Земјите членки на Европската Унија имаат удел од “60,1 процент во вкупната размена.”