Почетна Убавина и здравје Зошто треба да пробате суво четкање на телото? Дали навистина го намалува целулитот?

Зошто треба да пробате суво четкање на телото? Дали навистина го намалува целулитот?

од nenad
2 минути читај за

Најголем дел од луѓето го практикуваат четкањето наутро, но можете да го правите во кој било период од денот!


Сувото четкање е ефикасен метод за разубавување на кожата и намалување на видливоста на женскиот непријател наречен целулит. Нема да ви го испразни паричникот, а може да ви помогне засекогаш да се збогувате со нерамнините на задникот и бутовите, сувата кожа и поткожните влакненца.

ПРИДОБИВКИ ОД СУВОТО ЧЕТКАЊЕ

Намалување на видливоста на целулитот

Во потрага сте по природен начин за отстранување на непосакуваниот изглед на кожата кој потсетува на кора од портокал? Сувото четкање е вистинското решение. По само 3-4 недели ќе забележите намалување на нерамнините на кожата на бутовите и задникот.

Мазна и цврста кожа


Поврзани објави

Четкањето е евтин метод за ексфолијација, односно за отстранување на површинскиот слој мртви клетки, кој го елиминира безживотниот изглед на кожата и ја прави пријатна на допир.

Подобрување на циркулацијата

Сувото четкање може да се разгледува како еден тип масажа и во тој контекст го подобрува протокот на крв. Четкањето го стимулира и движењето на лимфата низ лимфниот систем.

Намалување на поткожните влакненца

Најефикасното оружје против поткожните влакненца е редовното ексфолирање на кожата, а сувото четкање го нуди токму тоа.

 


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING