Пејачката предупреди дека нивните имиња и фотографии се злоупотребени без согласност
Пејачката Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, се најдоа во центарот на скандал откако нивниот лик бил злоупотребен во рекламни цели без нивна дозвола.
На една веб-страница се појави фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција, со тврдење дека парот наводно ослабел 20 килограми. Овој обид за измама веднаш предизвика реакција од Брунцлик, која на социјалните мрежи ги предупреди следбениците дека станува збор за лажна информација.
Поврзани објави
Ова е измама. Фотографијата и текстот што се шират на Интернет, каде се тврди дека Зорица Брунцлик и Кемиш ослабеле 20 килограми со ‘таен рецепт’, немаат никаква врска со вистината. Станува збор за злоупотреба на имињата и ликот за комерцијални и изманувачки цели“, напиша таа.
Со оваа реакција, парот јасно го демантираше ширењето лажни информации и го предупреди јавноста да не се излажува од невистински реклами.
printskrin youtube – brunclik i kemis – hype tv