Почетна МакедонијаЗемјотрес ноќеска почувствуван во Скопје

Земјотрес ноќеска почувствуван во Скопје

од nenad
1 минути читај за




Земјотресот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќеска во 2 часот и 2 минути, на 23 километри источно од центарот на Скопје -Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ноќеска бил почувствуван во Скопје и околината. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје информираа дека земјотресот бил регистриран ноќеска во 2 часот и 2 минути, со епицентар во скопското епицентрално подрачје.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Земјотресот се случил на 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од седум километри.