Почетна МакедонијаЗеленски: Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава

Зеленски: Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава

од nenad
0 минути читај за
t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека санкциите против Русија не се доволни за да се запре нејзината „агресија“ и вети нова украинска акција против „терористичката држава“, јавија британските медиуми, пренесе БТА.

– Јасно гледаме кои линии на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да се спречи (нејзиниот) терористички потенцијал да расте – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Санкциите, според него, не се доволни.

– Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава. Се додека руската агресија продолжува, Русија мора да ги чувствува загубите – додаде тој.