Зеленски/ Фото: American Photo Archive / Alamy / Alamy / Profimedia
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина подготвува чекори за брза реинтеграција на Крим во нејзиното национално ткиво.
– Во август ќе одржам неколку важни состаноци за подготовка на меѓународни настани, вклучително и Кримската платформа. Подготвуваме и список на чекори за деокупација на Крим. Сеопфатни чекори: безбедносни, економски и социјални. Можеме брзо да го реинтегрираме Крим во државното ткиво на Украина – рече Зеленс во видео обраќањето, пренесува Укринформ.Според него, „руските окупатори“ веќе треба да размислат дека, додека мостот на Крим е донекаде оперативен, „подобро е да се вратиме дома во Русија“. Зеленски нагласи дека Крим, како и остатокот од Украина, „ќе биде слободен, ослободен од сето руско зло, почнувајќи од руските проектили и завршувајќи со секој руски окупатор“.
– Русија ќе ја загуби оваа војна и ниту еден проектил нема да ја спаси – заклучи претседателот на Украина.