Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека победата на Украина сега ќе го одреди патот на нацијата за генерациите што доаѓаат и ќе ја докаже исправноста на вредностите основани пред илјада години, објави Укринформ.
„За нас да победиме сега значи да го дефинираме патот на нацијата за генерациите што доаѓаат, да победиме значи да ги држиме заветите на вредностите чии темели беа поставени тогаш – илјада години пред мене и тебе, тоа е да избереме да се обединиме со светот, да избереме да бидеме учесници во светската историја, да имаме право на сопствена национална историја“, рече Зеленски за време на одбележувањето на денешниот Ден на државноста во Украина.