Почетна ВестиЗеленски го разреши амбасадорот во Лондон по неговите критики

Зеленски го разреши амбасадорот во Лондон по неговите критики

од nenad
1 минути читај за




Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Вадим Пристајко од функцијата амбасадор на Украина во Велика Британија.

   

Ројтерс“ пренесува дека во одлуката објавена од канцеларијата на Зеленски не е наведена причината за отпуштањето, но се вели дека Пристајко бил отстранет и од позицијата претставник на Украина во Меѓународната поморска организација.

„Гардијан“ потсетува дека Пристајко неодамна го критикуваше Зеленски како гостин на британска телевизија. Откако британскиот секретар за одбрана Бен Валас неодамна предложи „Украинците да му покажат малку благодарност“ на Западот за сета помош, Зеленски саркастично рече на самитот на НАТО: „Како поинаку да покажеме благодарност? Можеме да се будиме секое утро и да им се заблагодариме“.

    

Коментирајќи ја изјавата на неговиот претседател во интервју за Скај њуз, Пристајко рече: „Верувам дека одговорот на претседателот беше малку саркастичен. Не верувам дека таков сарказам е здрав. Не треба да им покажеме на Русите дека не се согласуваме за нешто. Тие треба да знаат дека работиме заедно“.