Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посочи причините за напредокот на руските сили на линијата на фронтот, меѓу кои се недоволна количина опрема од сојузниците за опремување на 14 украински бригади, пренебрегнувањето на животите на војниците во руската армија и отсуството на дозвола Украина да уништува воени цели на територијата на Русија со западно оружје. Зеленски ова го изјави во интервју за француските медиуми, цитирано од агенцијата Укринформ.
– Искрено кажано, барем на 10. Бидејќи момчињата што се на бојното поле, имаат потреба од ротација. Тие имаат потреба од одмор. А како да ја осигуриме ротацијата, ако бригадите што треба да ги заменат, не се вооружени,“ рече тој. Втората причина, додаде Зеленски, е дека Русите што напредуваат се плашат да се повлечат. – Таму ги убиваат ако се вратат, и тоа е вистината,“ рече тој и додаде дека Путин не се грижи за своите луѓе, „не ги брои“.
– Се разбира, кога имате таква разлика во пристапот кон слободата и правата на луѓето со вашиот непријател, треба да имате и друга предност. А другата предност се, пред сè, оружјата и технологиите, рече Зеленски. Како трета причина за рускиот напредок тој ја посочи невозможноста да се користи западно оружје за уништување на воени објекти на територијата на противникот.
– Што би направиле, ако знаете дека на 30, 60 или 100 километри од границата Русите имаат ракетни системи за рафален оган, авиони што не бомбардираат, или други оружја, вклучувајќи „Град“ и С-300, кои ги користат од Белгород, знаејќи дека немаме право да ги уништиме нивните оружја? Ние сме во недоумица што да правиме, појасни Зеленски. с