Почетна ЕкономијаЗголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

од nenad
1 минути читај за

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното.

Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 2,14 метри понизок од повеќегодишниот просек за април.

Нивото на Охридското Езеро, пак, е за четири сантиметри повисоко од просечното, а на Дојранското Езеро е повисоко за дури 1,46 метри.

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните со исклучок на реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за осум сантиметри повисоко од просечното. вј/са/Фото: МИА .

Извор: МИА