Почетна БалканЗа 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа – Курир

За 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа – Курир

од nenad
1 минути читај за
ИДФ: За 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа

ИДФ соопшти дека израелската армија пребарала неколку станови што ги користел Хамас во градот Газа и пронашла огнено оружје, експлозивни направи и друга воена опрема.

Во градот Газа, војниците откриле и тунел на Хамас долг 15 метри, што подоцна е уништен во воздушен напад, соопшти ИДФ.

ИДФ наведува и дека е изведен воздушен напад врз складиште на оружје во куќа на оперативен на Хамас, во јужниот дел на Газа, како и врз други седум вооружени членови на палестинската милитантна група во областа Кан Јунис.

Напад бил извршен и врз зграда во близина на училиште на УНРВА, каде што е пронајдена опрема за производство на ракети, наведуваат од ИДФ, додавајќи дека во дворот на училиштето биле пронајдени и три влеза во тунелите на Хамас.

Извор : Kurir.mk

ИДФ: За 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа