Таа стекна голема популарност благодарение на својот изглед и актерските вештини, но малкумина знаат дека навистина уживала во готвењето и храната.
Во септември 1952 година, десет години пред да почине на 36-годишна возраст од предозирање со барбитурати, Мерилин Монро во интервју за тогашното списание „Pageant“ го сподели својот режим на исхрана.
Зборувајќи за тоа како ја добила својата позната, заоблена фигура, која, според неа, „никогаш не била нешто посебно“, актерката откри детали за својата исхрана која, според неа, многумина ја сметале за „апсолутно бизарна“. За појадок пиела чаша топло млеко со разматени јајца и земала мултивитамин.
Пред да се истуширам наутро, го загревам млекото. Кога ќе се загрее, кршам две свежи јајца во млекото, ги матам со виљушка и го испивам додека се облекувам. Тоа го надополнувам со мултивитаминска таблета. Се сомневам дека некој лекар би можел да препорача похранлив појадок за девојка што работи и се брза.
Актерката не зборувала за ручекот, но рекла дека нејзината вечера речиси секогаш изгледа исто – некој вид протеин со суров морков.
Поврзани објави
Моите вечери дома се зачудувачки едноставни. Секоја вечер застанувам на пазар и купувам стек, јагнешки котлети или џигер, кои ги печам во рерна. Обично јадам четири или пет сурови моркови со месото, и тоа е сè. Мора да сум делумно зајак, никогаш не ми здосадуваат морковите – рече таа, додавајќи дека секогаш остава место за десерт:
Добро е што се хранам едноставно во текот на денот, бидејќи последниве месеци стекнав навика да застанувам во слаткарница на топол колач кога се враќам дома од вечерните часови по драма. Сигурна сум дека не би можела да си го дозволам тоа слатко, доколку мојата секојдневна исхрана не се состоеше речиси целосно од протеинска храна – изјавила тогаш Мерилин, пренесува „Daily Mail“.
Фото: Инстаграм