Neostrata претставува синоним за успешни, долгогодишни, дерматолошки, клинички истражувања на влијателни специјалисти и пронаоѓачи на револуционерни научни откритија, применети во делотворни и висококвалитетни производи за нега на кожата.
Колекцијата SKIN ACTIVE е дизајнирана за сеопфатен пристап против стареењето на кожата и појавата на фини линии, брчки, нееднаков тен и старечките дамки. Со редовна употреба, кожата станува видливо полна и цврста благодарение на клинички докажана хијалуронска киселина, MicroDiPeptide229®, неоглукозамин и аминофил.
За помазна, поцврста и поздрава кожа.
SKIN ACTIVE MATRIX SUPPORT
Совршен спој на потребите и барањата на пациентите и револуционерните дерматолошки иновации за висококвалитетен, делотворен производ, кој истовремено ја заштитува и ја обновува кожата, комбинирајќи ги активните својства на неоглукозамин, пептид и ретинол.
SKIN ACTIVE MATRIX SUPPORT го поттикнува процесот на создавање колаген, кој помага во обновувањето на природната структура, зголемувањето на цврстината и еластичноста на кожата и подобрувањето на тонусот, притоа давајќи ѝ на кожата здрав, негуван и младешки изглед.
Тројниот антиоксидантски комплекс заедно со УВА и УВБ-филтрите овозможуваат дополнителна ефикасна заштита од штетните надворешни влијанија.
Благодарение на богатиот состав и уникатните научни методи и технологии на производство, за благодатите на SKIN ACTIVE дневниот регенеративен крем сведочат многубројните задоволни корисници по само едномесечна употреба.
SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION
Здравата, негувана и убава кожа бара подеднаков третман и внимание како во текот на денот, така и во текот на ноќта. Оттука SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION е делотворен, ефикасен и потврден хранлив крем за нега на кожата во текот на ноќта, кој дејствува како катализатор во процесот на регенерација, ревитализација и подмладување.
SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION содржи:
– Екстракт од јаболко, магичен еликсир кој го забавува процесот на стареење на кожата;
– Пептид го поттикнува создавањето колаген, кој ги намалува и ублажува брчките и другите нерамнини;
– Гликолна киселина, која преку нежна ексфолијација нежно го чисти површинскиот слој на кожата, подобрувајќи ги нејзината еластичност и затегнатост;
– Полихидроксилни киселини, кои дејствуваат заради обновување на длабоките слоеви на кожата и одржување на постојниот колаген;
Поврзани објави
– Екстракти од грозје, калинка, боровинка и акаи-бобинка, кои претставуваат ефикасни антиоксиданти и овозможуваат подобрување на виталноста и свежината на кожата, истовремено помагајќи во нејзината заштита од штетните надворешни влијанија.
SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH
Грижата за беспрекорно убава и негувана кожа почнува со SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH, пена за секојдневно длабинско и темелно чистење. Соединувајќи ги активните својства на полихидроксилните киселини и делотворните состојки од алое вера, камилица, краставица и рузмарин, SKIN ACTIVE пената за ексфолијација на кожата, од една страна, нежно ги отстранува мртвите површински клетки, помага во темелно чистење на порите, а од друга страна, преку навлажнување, освежување и смирување на кожата ја поттикнува обновата на нејзината структура.
SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH е идеална подготовка на сите типови кожа за третман со останатите производи од палетата на SKIN ACTIVE.
SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY
Револуционерен, висококвалитетен, регенеративен производ, кој помага за навлажнување, потхранување, обновување и подмладување на осетливата и нежна кожа во пределот околу очите.
Делотворноста на SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY кремот е резултат на внимателно избраната комбинација на:
– Екстракт од јаболко, кој помага во одржување на долговечноста на структурата на кожата, забавувајќи го притоа нејзиното стареење;
– Пептид и неоглукозамин, задолжени за создавање колаген заради зачувување на заштитната функција и здравиот изглед на кожата;
– Кофеин, кој ја намалува отеченоста во пределот околу очите;
– Хијалуронска киселина, која стимулира поврзување на водата во кожата и длабинско и темелно навлажнување;
– Витамин Е, активен носител на сите антиоксидантски придобивки за кожата.
Текст и фото: ПР