Почетна ЕкономијаЗа половина час ограбени две финансиски друштва во Скопје

За половина час ограбени две финансиски друштва во Скопје

од nenad
1 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/police-blue-light-mission-crime-5226674/

18/01/2026 17:23
ФИНАНСИИ

Во текот на вчерашната вечер во Скопје, во период од само половина час, две финансиски друштва беа ограбени на две различни локации во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, првиот инцидент бил пријавен околу 04:44 часот на подрачјето на Гази Баба, каде сторителите насилно влегле во објект на финансиско друштво и одземале пари од сеф. Втората кражба се случила 05:20 часот во Центар, при што исто така бил одземен сеф со парични средства. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и за идентификување на сторителите.