Партијата на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, Демократската партија на Србите во Македонија добива уште една клучна позиција во третиот ешалон на власта. Дејан Кошутиќ е новиот директор на Македонски Железници Транспорт. Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски кој учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на желенизици. На позиција доаѓа како добар познавач на состојбите во железницата како и со познавање на клучните проблеми со кои се соочува претпријатието.
Доделувањето на ваква стратешка институција доволно говори за кадрите кои може да ги понуди Стоиљковиќ. Неговите кадри имаат капацитет, односно потенцијал што ќе може успешно да одговори на предизвикот во водењето на институциите. Вицепремиерот нуди стручен кадар со конкретна релна и остварлива цел која е во интерес на граѓаните за нивен подобар животен стандард и просперитет на бизнис заедницата. Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата на Железници со што ќе озвоможи отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните но и со меѓународни компании, помалку трошоци за транспорт но и за екоомски напредок на земјата.
Како политичар Иван Стоиљковиќ има интегритет и етика во своето делување, тој нема обврски ниту релации со поединци или институции што би му ги врзувале рацете во професионалното извршување на своите задачи и законски обврски како вице премиер и политичар кој е дел од власта. Тоа истото важи и за неговите кадри кои ќе работат ефикасно, квалитетно и законски. Кошутиќ од 2002 до 2006 беше заменик-министер за транспорт и врски, а директор на Скопски саем беше до самото постоење на претпријатието кое се расформира во 2020. Во меѓувреме беше и шеф за изнаоѓање странски пазари на АД Бетон. Беше ангажиран и како шеф за Македонија на израелската инвестициска компанија за енергетика БИГ.
ПР Објава