Почетна МакедонијаЗа девет месеци 838,2 милиони евра директни странски инвестиции во Македонија

За девет месеци 838,2 милиони евра директни странски инвестиции во Македонија

од nenad
0 минути читај за

Странските директни инвестиции во Македонија во период од јануари до септември оваа година достигнаа рекордни 838,2 милиони евра, што е 348,4 милиони повеќе во однос на тој период претходната година и воедно е убедлив рекорд во изминативе дваесет години, пишува Блумберг Адриа. Според податоците на Народната банка, само во третиот квартал оваа година, Македонија имала прилив на странски директни инвестиции во вредност од 281,6 милиони евра. Доколку приливот на странските инвенстиции продолжи со исто темпо, постојат големи шанси Македонија да достигне над милијарда евра СДИ во текот на една година.