Зајкова додаде дека изминатот период беа денови посветени на женскиот активизам каде целта е да се бориме против родово базираното насилство. Во Македонија се’ уште не можеме да зборуваме за еднаквост и покрај сите кампањи за родова еднаквост. Ние сме земја којашто е за поздравување бидејќи ја имаме ратификувано Истанбулската конвенција – но тоа не значи сега да се вратиме назад и да остане само во писмена форма.
Зајкова рече: „ Иако во политиката се вклучени и жените но сепак чинам дека не треба да бидат вклучени само заради исполнување на квотите во Собранието туку и да се застапени повеќе и на други позиции. Не треба да заборавиме дека дури и во секојдневниот живот се соочуваме со најразлични предизвици’’Зајкова рече дека како општество мораме да имаме поширок видик и во идина да внимаваме на кого ја даваме поддршката за да носи промени во едно општество.