Почетна ВестиЗајкова: Кој е ставот на опозицијата, повторно ли ќе не внесат во чекалната во која поминавме 17 години?

Зајкова: Кој е ставот на опозицијата, повторно ли ќе не внесат во чекалната во која поминавме 17 години?

од nenad
2 минути читај за

Совршено е јасно дека само преку уставнитни измени можеме да ја осигураме европска иднина, затоа што истите значат почеток на преговори по поглавја. Оваа тема во последната година, ја разорува државата од внатре по сите основи. Тема која што не троши, не разјадува и создава ирационални, но многу опасни поделби. Последиците ги гледаме секој ден и ќе стануваат и повидливи и потешки – и на економски и на социјален и на меѓуетнички план. Затоа што секогаш кога треба да се донесе одговорна и тешка одлука, наместо решение, опозицијата создава нов конфликт, се креираат непријатели и се тргнува во лов на вештерки, се вели во соопштението од пратеничката и претседателка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова.

   

„Секој ден вознемиреноста на граѓаните е се поголема, а причината за тоа сме сите ние 120 пратеници. Затоа што дозволивме наместо решение на проблемот, во нас да гледаат – проблем. Со нашиот вокабулар, со поделбата на предавници и патриоти, со одвлекување на вниманието од реалните проблеми“,додава таа.
Почна седницата за уставни измени – 70 пратеници гласаа за дневниот ред
Зајкова прашува кој е ставот на опозицијата? Што тие ќе направат по изборите, ако до ноември не се создадат услови за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ? Повторно ли ќе не внесат во чекална, во која поминавме 17 години. Дали тоа нема да не чини изгубени генерации?

„Кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. И тогаш, со донесување на тешки, но рационални одлуки, повторно од страна на партиите кои седат во ова мнозинство. Благодарение на тие одлуки се случи безвизниот режим со земјите членки на ЕУ. Сега лесно се патува во ЕУ. Се отворија европските фондови. На нас останува да ги носиме одлуките, а не да бегаме од нив. Да бидеме дел од процесот кој ќе ја движи нашата држава напред и ќе и овозможи развој и прогрес во европското семејство, бидејќи тоа е нашата иднина“вели Зајкова.

Пратеничката и претседателка на ЛДП истакна дека претставниците на опозицијата ги манипулираат граѓаните, а се претставуваат како нивни бранители и спасители од Албанците или од Македонците, од Грците, од Бугарите, од Србите, од Турците, од Американците и кој знае до каде ќе оди списокот кој што постојано, за интерни, тесно политички интереси се продолжува, зависно од моменталните потреби.

„И пријателите и непријателите ги создаваме сами. Така е и во приватниот живот така е и со државата. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се и ќе те остават без покрив над главата, е само израз на сопствената несигурност, немање самодоверба и неспособност да создаваш пријатели. Така е и со идентитетот. Тоа е нешто што генерации зад тебе го создавале, а ти и да сакаш не можеш да го избришеш, уште помалку тоа може да го направи некој друг во твое име“додава Зајкова.

  

var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };

FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );

window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));