Почетна ЕкономијаЗаменик министерот за образование Алиу објави неотповиклива оставка од функцијата

Заменик министерот за образование Алиу објави неотповиклива оставка од функцијата

од nenad
1 минути читај за

Заменик-министерот за образование, Љулзим Алиу, денес преку социјалните медиуми ја објави својата безусловна оставка од функцијата.

Алиу ја поднесе оставката до премиерот Христијан Мицкоски, а веста ја сподели на својот Фејсбук профил.

Тој истакна дека одлуката произлегува од негова лична и професионална проценка, нагласувајќи дека сметал оти овој период е најсоодветен за негов понатамошен ангажман во академската сфера.

„Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството“, напиша Алиу.

Алиу на Владата ѝ посака продолжени успеси во работата и изрази благодарност за укажаната доверба и можноста да ја извршува оваа одговорна должност.

Љулзим Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, поточно на партијата Алтернатива.

Тој упати благодарност и кон партијата, нејзиниот актуелен претседател Беким Али, како и кон претходните партиски лидери Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.

ff/lv/Фото: Фејсбук профилот на Љулзим Алиу.

Извор: МИА