Денес Советот на Град Скопје требаше да има две седници. Една за советнички прашања, а друга седница со дневен ред на кој требаше да се изгласа враќање на имињата на спорните улици кои немаат одобрение од Влада. Враќањето на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето, точки за меѓуопштински соработки со неколку општини за инфраструктурни проекти, како и полугодишните извештаи за работата на јавните претрпијатија и установи под Град Скопје.
Дојдоа, се потпишаа за присуство за да не им пропадне месечниот надомест за нивната “макотрпна работа” од половина час во Советот на Град Скопје и си заминаа.
Фејсбук статус на заменик градоначалнкот на Град Скопје, Александар Трајановски
.