Почетна ЕкономијаЗакана од Ал Каеда во Јемен до Трамп и Маск поради Газа

Закана од Ал Каеда во Јемен до Трамп и Маск поради Газа

од nenad
1 минути читај за

Водачот на јеменскиот дел на терористичката организација Ал Каеда, Саад бин Атеф ал-Авлаки, испрати закани кон американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас во областа Газа.

Ова претставува негово прво видео обраќање откако ја презеде челната позиција минатата година.

Во 30-минутното видео пласирано од симпатизери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Авлаки исто така повикува на ликвидација на челниците од Египет, Јордан и земјите од Персискиот Залив, како одговор на случувањата во Газа.

Во видеото се прикажани и фотографии од Трамп, Маск, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, како и амблемите на компаниите на Маск – „Тесла“ и „СпејсИкс“.

“Нема веќе црвени линии по она што му се случи на нашиот народ во Газа”, вели Авлаки. “Одмаздата е оправдана”.

САД нудат награда од шест милиони долари за фаќање на Авлаки, кој е обвинет за јавно поттикнување напади врз САД и нејзините сојузници.

Тој го замени покојниот Халид Батарфи како предводник на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.