Почетна МакедонијаЗаев: И Македонците и Грците сме Европејци и треба да се спротивставиме на ксенофобијата

Заев: И Македонците и Грците сме Европејци и треба да се спротивставиме на ксенофобијата

од nenad
1 минути читај за

„Целиот демократски свет, нашите заеднички пријатели, партнери и поддржувачи кажаа дека овој договор е чекор со кој двете земји можат да излезат од минатото и да зачекорат во иднината. Затоа го повикувам лидерството во двете земји да покажат одговорност кон граѓаните и кон државите. Ги повикувам да го почитуваат тоа што го кажуваат. Ако велат дека Договорот од Преспа е реалност и дека ќе го почитуваат, тогаш да почнат да го спроведуваат во пракса, бидејќи тој се почитува само со акција“ рече Заев.

   

Поранешниот премиер додаде дека тој и Алексис Ципрас презеле одговорност за решавање на проблемот и ја платиле политичката цена за тоа, но сега почитувањето на договорот е полесниот дел и одговорен за иднината на граѓаните и државите.

„Ајде да градиме мостови и пријателства меѓу двете земји. Да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои креираат блокади. Добрососедските односи и регионалната соработка треба да остане заеднички приоритет“ рече Заев.