Почетна МакедонијаЖоли во посета на Северна Македонија

Жоли во посета на Северна Македонија

од nenad
1 минути читај за




Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува на работна посета на Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

   

 

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

 

За време престој во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

 

Агенда (Среда, 30 август 2023, МНР)

 

09:00 Пристигнување на МНР Жоли во Министерството за надворешни работи 

 

9:05-9:20 Tête-à-tête средба Османи- Жоли

 

9:20-9:55 Билатерална средба помеѓу делегациите на Република Северна Македонија и Канада

 

10:00-10:25 Прес конференција Османи -Жоли