Популарниот водител откри дека тој бил иницијаторот на разводот со Дајана Пауновиќ…
Жика Јакшиќ, познатиот водител и продуцент, откри дека тој бил иницијаторот за разводот од својата поранешна сопруга, Дајана Пауновиќ, која е 24 години помлада од него. Ова признание ги изненади многумина, бидејќи се претпоставуваше дека младата водителка била таа што го напуштила бракот.
Обата пати јас бев тој што побара развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту се носи во афект. Човек мора најпрво да се бори да го зачува бракот, но кога ќе види дека не може, треба да пресече и да се потруди да штети што помалку“, изјави Жика.
Поврзани објави
Иако нивната врска започна со голема љубов, разликите во годините и животните приоритети доведоа до разидување. Жика и Дајана имаат заеднички син, а по разводот останаа во добри односи, пред сè поради детето.
Оваа искрена исповед на Жика предизвика бројни реакции во јавноста, а многумина го пофалија за храброста да зборува отворено за личните предизвици.
printskrin Youtube-k1 televizija