Гоца Лазаревиќ трпела ужасно насилство и сериозна тортура во детството.
Тешкиот животен период за Гоца Лазаревиќ започнал кога нејзината мајка загинала во сообраќајна несреќа. Откако таа починала, татко ѝ се оженил не само еднаш, туку неколку пати, а меѓу маќеите не била ни една која била нежна кон Гоца и нејзиниот брат.
Татко ми се женеше неколку пати. Тоа беа жени кои беа груби кон нас. Кога една од нив дојде, измислив средно училиште кое не постоеше во близина, за да избегам од нив и да не ги гледам. Отидов во Белград – раскажа Гоца
Пејачката одлучила да запише економска школа која тогаш постоела само во Белград. Татко ѝ се согласил, па првите 15 дена ги поминала кај роднините на нејзината тогашна маќеа. Тие ја примиле убаво, но нивниот син бил екстремно љубоморен и ја тепал секој ден, од моментот кога дошла во таа куќа.
Беше разгален и секој ден ме тепаше. Не му се допаѓаше што сум тука. Еден пат, кога ме удри сериозно и му вратив, неговата мајка рече да барам друга куќа. Ги спакував работите во картонска кутија и тргнав да ја барам тетка ми. Знаев само дека работи кај Лион во некое бифе. Тешко ја најдов. Од тој момент живеев кај тетка Рада во една колиба – раскажала Гоца.
По некое време, и братот дошол во Белград и заедно живееле во соба кај една седмочлена фамилија. Паралелно со средното образование, Гоца пеела во Културно-уметничкото друштво и токму тогаш почнува нејзината пејачка кариера. Но ова не е крај на нејзината тешка животна приказна.
Поврзани објави
Пејачката и по разводот од Милутин Поповиќ Захар поминала низ многу тежок период.
По разводот плачев секој ден. Отидов со децата и оставив се’. Се преселив во една незавршена куќа која ја правевме. Без струја, без телефон. Беше ужасно. Без ништо. Немав ништо во куќата. Купив кревет, имав само еден телевизор и еден транзистор. Беше многу тешко – изјави Гоца Лазаревиќ.
Фото: Инстаграм