Познатиот пејач и поранешен фронтмен на групата „Бијело дугме“, Жељко Бебек доживеа непријатност на неодамна одржаниот концерт во Загреб по повод 50 години кариера.
Бебек настапувал во Арена Загреб кога му се случила несреќата, додека го носел мегафонот во рака и се приближувал кон публиката, пејачот наеднаш паднал.
Кога пробал да стане, повторно изгубил рамнотежа и паднал, а видеото од несреќата ги преплави социјалните мрежи.
Поврзани објави
На крајот, пејачот некако стигнал до клавијатурата и се држел за неа, бидејќи очигледно имал проблем да остане на нозе.
И додека едни тврдат дека Жељко „испил половина шанк“, како што вели во една од неговите песни, други се расправаат и го бранат во коментарите, тврдејќи дека само се сопнал.