Почетна МакедонијаЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА ЧЕЛНИЦИТЕ НА НАТО, ЕУБРИТАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ШВЕДСКА, БЕЛГИЈА ЗА ВЕСТА ЗА СМРТТА НА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА ЧЕЛНИЦИТЕ НА НАТО, ЕУБРИТАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ШВЕДСКА, БЕЛГИЈА ЗА ВЕСТА ЗА СМРТТА НА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ

од nenad
2 минути читај за


Британскиот премиер Риши Сунак на Икс се огласи:„Ова се ужасни вести. Како најжесток застапник за руската демократија, Алексеј Навални демонстрираше неверојатна храброст во текот на својот живот“.Реакцијата на министерот за надворешни работи на Франција на Икс гласеше:

   

„Алексеј Навални со својот живот плати за својот отпор кон системот на угнетување. Неговата смрт во казнена колонија нé потсетува на реалноста на режимот на Владимир Путин. На неговото семејство(на Навални), неговите најблиски и кон рускиот народ, Франција изразува сочувство.Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билсторм на Икс се збогува со рускиот опозиционер:

„Ужасни вести за Алексеј Навални… Ако е точен извештајот за неговата смрт во рускиот затвор, тоа претставува уште едно страшно злосторство од режимот на Путин. Немилосрдноста кон Навални повторно покажува зошто е неопходно да се продолжи борбата против авторитаризмот“.

Претседателот на Европскиот Совер Шарл Мишел смета дека Навални дал жртва за слободата и за демократијата:„Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата. За своите идеали, тој ја даде крајната жртва. ЕУ го смета рускиот режим единствено одговорен за оваа трагична смрт“, напиша Мишел на Икс.

Генсекот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е „длабоко тажен и вознемирен“ од извештаите за смртта на Навални.„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија треба да одговори на сите сериозни прашања за околностите на неговата смрт“, напиша Столтенберг.

Холандскиот премиер Марк Руте во збогувањето на Икс се осврна кон „бруталноста на рускиот режим“:„Смртта на Навални ја илустрира невидената бруталност на рускиот режим. Навални се бореше за демократските вредности и против корупцијата. Тој мораше да плати за својата борба со смртта додека беше држен под најтешки и најнехумани услови. Посакувам неговото семејство, најблиските и секој што се бореше со него за промени во Русија многу сила“, се вели во написот на Руте.

Белгискиот премиер Александар Де Кро за Навални напиша:„Неговата трагична смрт повторно нагласува зошто ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Русија нема да надвладее во Украина. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Навални и сите храбри руски политички затвореници.

Претседателот на Латвија Едгарс Ринкевикс вели дека Навални бил „брутално убиен од Кремљ“:„Какви и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој само беше брутално убиен од Кремљ. Тоа е факт и тоа е нешто што треба да се знае за вистинската природа на актуелниот руски режим. Моето сочувство до семејството и пријателите“.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липаврски смета дека Навални бил измачуван до смрт:„Сè уште е случај дека, како што Русија ја третира својата надворешна политика, така таа се однесува и кон своите граѓани. Таа се претвори во насилна држава која убива луѓе кои сонуваат за подобра иднина, како Немцов или сега Навални – затворени и измачувани до смрт затоа што му се спротивставиле на Путин. Почивај во мир (Навални)“.