Почетна БалканЖена почина на концерт на Калиопи во Белград – Курир

Жена почина на концерт на Калиопи во Белград – Курир

од nenad
1 минути читај за

Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата МТС во Белград, но на самиот почеток на вечерта се случи драма. Жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во салата.

На неименувана жена на возраст од околу 70 години, која на концертот дошла од Македонија во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош.

Салата била испразнета за да и помогнат лекарите, но иако била реанимирана 30 минути, жената починала. Очевидци изјавиле дека Калиопи била во солзи и дека веднаш по веста за смртта на жената, таа била со нејзината ќерка.

Српските медиуми пренесуваат дека пејачката по трагедијата била однесена во полициска станица за да даде изјава.

Извор : Kurir.mk

Жена почина на концерт на Калиопи во Белград