Table of Contents
Стекна огромна популарност како победник на реалното шоу „Големиот брат“, но сега тој живот е зад него. Денес носи одговорна титула на советник и професор, а еве кои се неговите ставови за улогата на жената
Дарко Петковски – Спејко ги освои женските срца откако се појави во „Големиот брат“. Својата сестраност ја покажа со тоа што се испроба во повеќе улоги: беше спортист, атлетичар, фитнес-модел, а работеше и како диџеј. Неговите професионални трансформации еволуираа со неговиот моментален ангажман како професор по ФЗО и советник во Советот на општина Куманово. Отсекогаш важел за голем заводник, па сакавме да дознаеме каков е неговиот став за жените, кои женски навики го нервираат, а кои му предизвикуваат восхит…
Која е жената што ти има извршено најголемо влијание?
Дефинитивно, мајка ми. Со текот на годините храбро одговараше на сите предизвици, затоа секоја моја добиена битка ѝ ја должам на оваа особина, присвоена од мајками. Таа секогаш меучеше да бидам чесен, да не запаѓам во неволји, да избегнувам конфликти, но и да им помагам на другите и да делам сè што имам, а во детството тоа беше само среќа.
Која жена последно ти има предизвикано восхит?
Наскоро мојата девојка ќе дипломира психологија, па искрено многу ѝ се восхитувам кога ќе видам колку се труди. Таа студира во друга држава и нема пречки за неа кога ќе постави цел. Блазе мене што ќе имам психолог дома.
Како ја разбираш улогата на жената во општеството?
Поврзани објави
Жената треба да е заштитена, сакана и почитувана. Сведоци сме на губењето на вистинските вредности што порано ги негуваше семејството, а мојот духовен отец вели дека тоа е така „зашто ја изгубивме мајката“. Ја нема веќе онаа жена што од куќа правеше дом, го нема столботна нашето битие што ќе нè научи на чувствителност, нежност, грижливост. Во ред е жената да биде во чекор со мажот, но не на сметка на улогата што е незаменлива и остава празнина во детството. Секако дека треба да биде успешна и независна, но не на сметка на семејството, а истото важи и за мажот.
Кои женски особини и навики најмногу те нервираат?
Кај жените најмногу ме нервира доцнењето. Нормално, има жени што не доцнат, но мене не ми се погодила таква (се смее). Исто така, за една дама неприфатливо е насилното однесување и лошата хигиена.
Која жена е комплетна, според тебе?
Комплетна жена е девојка ми: доцни, ме нервира, некогаш ме остава без сон, ме изненадува, ме смее, ми прави неред на бирото, се дотерува, носи моја гардероба, ме пегла па ме тутка, ме тера да ја сликам и секогаш сум виновен што не е убава сликата, ме поддржува, се шегува на моја сметка, знае да паркира, паметна е, убава, згодна и неопходна.
Разговарала: Марија Лукаревска
ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА