Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го отвори својот Фонд за ликвидност во евра за поширока, глобална примена. Целта е да се поттикне меѓународната позиција на единствената европска валута.
Преку REPO линиите, централните банки можат да обезбедат евро средства од ЕЦБ по поволни финансиски услови. Овој досегашен систем беше достапен за ограничена група земји, претежно во Источна Европа.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, го опиша овој механизам како корисен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена.
„ЕЦБ треба да се подготви за понестабилно опкружување“, изјави Кристин Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Предвидено е механизмот да биде оператилен од третиот квартал на 2026 година за сите централни банки низ светот. Меѓутоа, постојат исклучоци за институции инволвирани во незаконски активности како перење пари, финансирање на тероризам или соочени со меѓународни санкции, како што е наведено во официјалното соопштение на ЕЦБ.
Оваа одлука доаѓа во контекст на постојаната анализа на вредноста на доларот од страна на инвеститорите, што е поврзано со несигурноста околу економските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.