Задоволство е да се биде во Македонија, држава која покажа дека е вистински пријател на САД Сметаме на Македонија како наш партнер, истакна на денешната прес-конференција во Владата заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
-Вие ни помогнавте во нормализација на односите во Косово и Србија, тоа немаше да биде без вас и ние тоа го цениме.
Сакаме Македонија да смета на нас, не само ние на Македонија. Ние сакаме да ве видиме и во ЕУ, ние сме ваши поддржувачи за да бидете полноправна членка на ЕУ. Западен Балкан моментално се најдобар партер на ЕУ, економски растат, ќе придонесете за раст во ЕУ. Вие им требате и на ЕУ и на САД.
Мора да направите тешки одлуки за да имате светла иднина, истакна Ескобар.
.


