– Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го избришавме и го отфрливме, наведе Ердоган.
Тој истакна дека „нема друга земја чија армија се однесува со таква нечовечност“, истакна Ердоган алудирајќи на одмаздничките мерки на Израел во Појасот Газа по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе на израелска страна, главно цивили.Претходно, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара го отповикала својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Појасот Газа.
– Амбасадорот на Турција, Сакир Озкан Торунлар е отповикан со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот, се наведува во соопштението на турското МНР.