Почетна Убавина и здравјеЕмина Јаховиќ проговори за односот со поранешниот сопруг, сè уште се судат – Убавина и здравје

Емина Јаховиќ проговори за односот со поранешниот сопруг, сè уште се судат – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Пејачката Емина Јаховиќ изјави дека нејзиниот поранешен сопруг е добар татко, но дека по разводот се обидел на многу начини да ѝ наштети, и дека и денеска водат судски спорови.

Емина Јаховиќ првпат ја разголи душата и откри досега непознати детали од бракот со популарниот турски пејач Мустафа Сандал (55).

Иако ги поврзуваат две деца и незаборавни спомени создадени за време на десетгодишниот заеднички живот, пејачката вели дека во еден момент нејзиниот поранешен сакан како со гума избришал сè што поминале и се однесувал кон неа како кон комплетен странец.

Поради синовите Јаман и Јавуз, кои се центарот на нејзиниот свет, успеала да му прости на Мустафа, но не и да ги заборави сите случувања по одлуката да ѝ стават точка на својата љубов.

Мустафа ми стана непријател по разводот! Иако е добар татко и редовно им плаќа алиментација на синовите, по разделбата се обидуваше на многу начини да ми наштети. И денеска сме на суд, но не поради пари, туку поради принцип, бидејќи двајцата сме тврдоглави и никој од нас нема намера да попушти. Сега имаме коректни односи и комуницираме поради Јаман и Јавуз, но сè што остана недоречено меѓу нас мора да се реши. Тој е свесен дека е голема ѕвезда и дека во Турција е влијателен повеќе од мене и верувам дека ќе се обиде тоа да го искористи во своја корист. Сепак, многу лесно можам да го изненадам и да му покажам дека со мене не може така да се однесува. Никогаш не се знае кого познавам и кој би можел да ми помогне во ситуација како оваа во која се најдов“, ја почна пејачката искрената исповед и додаде дека и покрај тоа што по разводот се свртел против неа, Мустафа никогаш не ѝ се мешал во љубовниот живот:


Поврзани објави

Никогаш не се обиде да влијае на мојот љубовен живот, ниту пак ги коментираше моите партнери. Не сум доживеала да слушнам од него лош збор и без разлика на сè што се случи, сметам дека не е лош човек. Иако, како и сите луѓе, има свои мани, бракот со него беше убав. Бевме лудо вљубени еден во друг, а неговата харизма ме освои и ме воодушевуваше секој ден. Сепак, во еден момент прекинав и одлучив да се разведам. Најпрво психички се оддалечив од него, а потоа и физички. Одлуката за разделбата ја донесов три години пред официјалниот развод. Кога му го кажав тоа, Мустафа се смееше и мислеше дека се шегувам. Дури и во бракот се гледаше како ѕвезда и моќен маж кого жената никогаш не би го оставила. Но јас самата си признавав дека не сакам повеќе да бидам со него и затоа во ниту еден момент не се покајав.

Иако покрај поранешниот сопруг уживаше во свила и кадифе, Емина Јаховиќ вели дека и по разводот не се откажала од луксузниот живот. Не сакајќи да прифати помалку од она на што таа и нејзините деца се навикнати, ѝ се посвети на работата и ја презеде целата одговорност да биде поткрепа и за себе и за своите синови.

Покрај Мустафа живеев доста разгалено, а дури по разводот, кога им станав татко и мајка на децата, сфатив колку е тешко да се обезбедат средства за живот. Но никогаш не ги спуштив стандардите и синовите и јас имавме сè што посакавме“, познатата пејачка изјави на крајот од разговорот за „Скандал“.

Фото: Printscreen Instagram