Европската комисија денес ги одобри својот втор годишен Доклад за Законот за дигитални пазари, како и Извештајот за политиката на конкурентност за 2024 година, пренесе дописникот на МИА од Брисел.
Извештајот за Законот за дигитални пазари (ДМА) прави осврт на активностите реализирани во периодот од јануари до декември 2024 година, со цел да се гарантира негова успешна имплементација и да се постигне еднаквост во дигиталниот сектор на пазарот на ЕУ.
Згора на тоа, докладот дава резиме на информациите добиени од т.н. „чувари на портата“ за нивните дејствија поврзани со почитување на одредбите од ДМА и заштита на купувачите, а ја објаснува и соработката и координацијата помеѓу Комисијата и националните институции за кохерентно, ефикасно и адекватно спроведување на Законот.
Во Извештајот за политиката на конкурентност за 2024 година се изложени главните правни иницијативи и предлози на политиките доставени во текот на претходната година, како и мерките за нивна примена.
„Извештајот ја истакнува улогата на политиката на конкурентност во зајакнувањето на единствениот пазар, каде што бизнисите можат да го искористат максимумот од европската скала за да развијат силни и конкурентни индустрии во корист на европските граѓани. Исто така, тој покажува како политиката на конкурентност помогна во поддршката на целите на индустриската политика, во согласност со политичките приоритети на Комисијата, а воедно ги штити потрошувачите“, се наведува во документот.
Извештајот е доставен до Европскиот парламент, Советот на ЕУ, Европскиот економски и социјален комитет и Комитетот на регионите. сп/ Фото: МИА Архива. Извор: МИА