Почетна ВестиЕКСПЛОДИРАЛО ВОЗИЛО КАЈ ТЦ „БИСЕР“ Возачот е во болница

ЕКСПЛОДИРАЛО ВОЗИЛО КАЈ ТЦ „БИСЕР“ Возачот е во болница

од nenad
1 минути читај за




Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје.

   

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.

Според информации од терен, од ударот дошло и до експлозија и чад се издигал од автомобилот.