173
Вчера 27.04.2023 во Хотелот Лимак за прв пат се случи манифестацијата „Работодавач на Годината“ во организација на првиот сајт за пребарување на работни места ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ на која и беше врачено признание за Најдобар Работодавач 1 место за 2022 на Еко Логистик Сервис како една од компаниите кои одлучија да го проверат задоволството на своите вработени користејки ја алатката Пулсер.мк. Настанот се случи во присуство на македонската бизнис заедница, сопственици на најголемите македонски компании, директори на странски претставништва, раководители на секторите за човечки ресурси, гости од регионот и лица од јавниот живот.
