28
Еден човек загина, а двајца други се повредени откако маж со нож нападна полн неделен пазар во Волворт, јужен Лондон, пишува „Сан“.Полицијата околу 11:40 часот добила повик дека повеќе луѓе се избодени со нож на улицата „Ист“. И покрај напорите на итната помош, кај еден маж е констатирана смрт на местото на настанот. На местото на настанот е уапсен маж за кој се верува дека има околу шеесет години.
Инцидентот не се третира како тероризам, а истрагата е во тек, соопшти полицијата