Холивудскиот актер и комичар Еди Марфи (61) следниот месец ќе биде почестен со наградата Сесил Б. ДеМил за животно дело на доделувањето на 80-тите награди Златен глобус.
– Чест ни е да му ја доделиме годинешната награда Сесил Б. Демил на легендарниот и високо ценет г-дин Еди Марфи. Возбудени сме што го славиме трајното влијание врз филмот и телевизијата што неговата кариера – пред и зад камерата – го имаше низ децениите – соопшти претседателката на ХФПА Хелен Хоен во соопштението.Претходни добитници на наградата за животно дело се Опра Винфри, Мерил Стрип, Софија Лорен, Том Хенкс, Џејн Фонда и Роберт де Ниро.